Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дарја Ризова -лауреат на 30 ФКТ „ Ристо Шишков“

/

пред 1486 дена

Сподели преку :

Актерката Дарја Ризова е прогласена за најдобра на годинашниов, 30 ФКТ „ Ристо Шишков“, во Струмица, што завршува вечерва. Таа ја освои наградата за ликот на Маша во претставата „ Нема да биде крај на светот“, во режија на Нина Николиќ,  која МНТ ја реализира во копродукција со Перипетија продукција од Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР.
За наградата одлучуваше жири-комисијата во состав: Ѕвездана Ангеловска, актерка (претседател на жири-комисијата), Нико Горшиќ, актер, и Петре Арсовски, актер.
Оваа година повторно и се потврдува на Ризова нејзината максимална театарска професионалност и посветеност, која резултираше со четвртата награда по ред, велат од нејзината матична куќа- МНТ