Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Драмски со „ My name is Goran Stefanovski“ на фестивал „ Театарот на крстопат“

/

пред 1490 дена

Сподели преку :

Драмскиот театар Скопје, со претставата „My Name Is Goran Stefanovski“ , во режија на Бранислав Миќуновиќ гостува на фестивалот  „Театар на крстопат“, во Ниш. Претставата ќе биде изведена утре вечер (сабота – 10 септември).

„ My name is Goran Stefanovski“, е театарски чин работен како омаж на творештвото на Стефановски. Драматизацијата е компилација од 7 , непоставени текстови на Стефановски во Драмски. Со тоа беше остварена амбицијата на театарот, целокупното драмско творештво на нашиот голем драматичар да биде одиграно на оваа сцена.

Претставата зборува за потрагата по идентитетот на современиот човек, во светот заглавен во конзумеризам и се помалку слобода за поединецот. Праизведбата беше на крајот на март оваа година, а претставата обиколи повеќе фестивали во регионот до сега.