Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО: Кокино-Како е одбележан првиот ден од летото на мегалитската опсерваторија

/

пред 1566 дена

Сподели преку :

(автор на фотографијата: Роберт Атанасовски) 

Првиот ден од летото е најдолгиот ден во годината, а на локалитетот Кокино (општина Старо Нагоричане) веќе традиционално се одбележува со пречекување на излезот на Сонцето.

На мегалитската опсерваторија Кокино повторно се собраа повеќе вљубеници во природата и јога кои уживаа во убавините, а во рани зори го пречекаа Сонцето да помине низ маркерот на праисториското обележје изградено во Бронзеното доба.

Локалитетот беше откриен во 2001-ва од кога мегалитската опсерваторија секој прв ден од летото заедно со присутните го одбележува раѓањето на Сонцето. Речиси секоја година настанот со свои фотографии го одбележува и фотографот Роберт Атанасовски чија слика е употребена во овој напис.

Оваа прослава е слична на онаа во Стоунхенџ во Британија.