Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Исполнето барањето на СКРМ за повисоки мартовски плати, откажан е протестот најавен за утре

/

пред 543 дена

Сподели преку :

Утрово од страна на министерството за култура до сите институции од културата бил испратен службен е-маил, со упатства за пресметка на платите во културата, усогласени со минималната мартовска плата. Тоа значи дека државата ќе ги испочитува своите обврски и на уметниците и на културните работници ќе им даде за 8, 5% повисоки плати, објави Синдикатот за култура на Македонија, на неговиот Фб профил.
– Вработените од културата ќе продолжат да ги земаат усогласените плати, согласно Колективниот договор за култура и Општиот Колективен договор за јавен сектор. А, поради настанатите промени и исполнувањето на правата на вработените од културата, Советот на СКРМ одлучи да го “замрзне” протестниот собир на Советот во проширен состав пред министерството за култура, па следствено на тоа, протестот закажан за  утре (11.04.2025 ) се одложува, се надеваме на неопределено време, се вели во постот на СКРМ.
Вработените од културата ја поздравуваат одлуката на државата и институциите кои што одлучија правилно и согласно законите да се почитуваат правата на вработените во културата, додаваат од СКРМ.