Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Менче Андреева е назначена за директорка на Инспекторатот за македонски јазик

/

пред 544 дена

Сподели преку :

Со одлука на Владата, за директорка на Инспекторатот за македонски јазик е назначена Менче Андреева, од Велес . Таа е лиценциран лектор по македонски јазик , а до сега работела во ОУ „ Рајко Жинзифов“, во велешкото село Горно Оризари.

Со назначувањето на Андреева за директор на Инспекторатот за македонски јазик, се очекува да започне примената на Законот за употреба на македонскиот јазик. Тој беше изгласан во Собранието лани, кон крајот на јануари и до сега практично не е започната неговата примена.

Инспекторатот за македонски јазик треба да ја надгледува примената на Законот за употреба на македонскиот јазик во државните институции, органите на државната управа и во медиумите. Инспекторатот има задача да опоменува, но и да казнува доколку не се применуваат одредбите од Законот за употреба на македонскиот јазик. Тој предвидува задолжително лекторирање на документи и други материјали, но и задолжително вработување лектори во институциите и медиумите.

Текстот на Предлогот-Законот за употреба на македонскиот јазик го подготви претходниот состав на владиното тело- Совет за македонски јазик и министерството за култура , под раководство на претходната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска.