Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

НОБ ја отвора новата сезона со обновата на „ Лидија од Македонија“

/

пред 1128 дена

Сподели преку :

Националната опера и балет ќе ја започне новата сезона на 16 септември, со изведба на обновената опера „Лидија од Македонија“, од композиторот Ристо Аврамовски.

Режијата ја потпишува Пламен Карталов од Бугарија, а обновата на режијата е на Трајко Јордановски. Со оркестарот на НОБ ќе диригира Иван Еминовиќ. Сценографијата е на Панче Минов, а костимите се авторство на Елена Дончева.

Во насловната улога ќе настапи Наде Талевска-Спасовска, а учествуваат и Игор Дурловски, Драган Ампов, Марјан Николовски, Никола Стојчевски, Васко Здравков, Ана Ројдева-Талевска, Катерина Стојановска, Александра Лазаровска-Василевски, Елена Голомеова, Марика Поповиќ и Соња Пендовска-Мадевска.

Операта „ Лидија од Македонија “ ја имаше својата праизведба 2001 година, а беше создадена по нарачка на тогашниот МНТ, денес НОБ. Либретото е на Гиј Шелеи и Дора Петрова од Франција,  во препев на Лилјана и Јордан Плевнеш. Се работи за опера во два дела, со библиска тема за првата покрстена жена на европскиот простор од Св. Апостол Павле, која се викала Лидија и била од Македонија.