Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одложени културни настани поради Денот на жалост за жртвите во земјотресите во Турција и Сирија

/

пред 1333 дена

Сподели преку :

Културно- социјалниот простор Центар – „ Јадро“, поради денешниот Ден за жалост за жртвите од земјотресите во Турција и Сирија, го одложи вечерашното отворање на изложбата „ Човеколики неволји“.  Од „ Јадро за Телма велат дека изложбата ќе биде отворена утре вечер во истиот термин од 20 часот.

Одложен е и вечерашниот концерт на „ Пијан Славеј“, кој требаше да се одржи во Народниот театар во Битола.

  • Искрено се надеваме дека нема да помине многу време до денот на нашата насушна средба, напишаа музичарите на Фејсбук профилот.

И Центарот за култура од Битола ги одложи сите планирани настани за денеска .

Од театарот Комедија во Скопје кажаа дека кај нив денеска е слободен ден на репертоарот по редовните изведби за време на викенд, па немаат потреба да одложуваат претстави заради прогласениот Ден на жалост.

Владата вчера донесе одлука да го прогласи понеделник- 13 февруари за Ден ја жалост во знак на почит и солидарност кон жртвите во земјотресите на југоистокот од Турција и на северозападот од Сирија. Бројот на жртви веќе се искачи на над 33 000 загинати.