Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Плакатите за концертите на Националниот џез оркестар со дела од Сергеј Андреевски

/

пред 636 дена

Сподели преку :

Националниот џез оркестар најави соработка годинава со нашиот истакнат сликар, Сергеј Андреевски.  Во соопштението од џез оркестарот се вели дека плакатите за нивните концерти ќе бидат со дела , креирани од Андреевски.
  • Сликам како џез музичар,“ . Јас сум сликар кој често патува и сонува низ светот, вкрстувајќи ги четките и насочувајќи ги своите потези кон сонцето.  Светот е моето ателје.  Мојата творечка припадност е стилот на постекспресионизмот, а тоа е бесконечна слобода на изразувањето. Звукот е мојот партнер при создавањето. Особено џезот; оти јас кога сликам, импровизирам – не случајно велам дека сликам како џез музичар, вели сликарот Андреевски.

Творештвото  на Сергеј Андреевски се движи во границите на постекспресионизмот, а импровизацијата  и слободата на изразувањето се едни од главните одлики на џез музиката. Па, вкрстувањето на овие сродни сензибилитети неминовно ќе вроди со плод, стои во соопштението од НЏО