Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По примерот на борбата за еднаквост на британските култни авторки Вулф, Остин, Шели до родова рамноправност на жените во македонското општество

/

пред 1267 дена

Сподели преку :

По серијата напади кон родовата рамноправност, особено по скандалозното велигденско послание на владика на МПЦ за женските права, македонските авторки, писателки и поетеси со едногласна забелешка за важноста на таа тема во македонското општество.

Деновиве особено сме свесни зошто е важна темата за родовата нарација и родовата еднаквост во општеството, за женската слобода, за неопходниот простор за креација, за рушењето на културолошките предрасуди, забележааа учесниците на трибината на тема „Родова нарација во британската книжевност и култура“.

Фокусот на трибината која денеска се одржа е ставен врз култните британски авторки меѓу кои Вирџинија Вулф, Џејн Остин, Мери Шели, чие дело е своевидна борба за женските права во минатото во нивната татковина.

-Денеска фокусот е и „до каде сме со еднаквоста во општеството“, што значи и на кои социолошки и културни пунктови се појавува родовата неправда, истакна Ана Јовковска, авторка на проектот „Книжевни рефлексии – платформа за креативен дијалог и критичко размислување“.

Проектот и трибината се во организација на Институтот за македонска литература и Британската амбасада.