Со длабока тага ја известуваме јавноста дека по кратко боледување почина нашиот долгогодишен директор и културен работник, Никола Глигоров. Вака од Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје на нивната Фејсбук страница ја соопштија веста за заминувањето од животната сцена на Глигоров.
– Неговата посветеност и придонес во развојот на културниот живот на Скопје ќе останат трајно врежани во нашата организација и во културната меморија на градот, се вели во соопштението .
Никола Глигоров беше ангажиран на организацијата на повеќе фестивали и манифестациии, како што се : Скопско лето, Музичката есен, Денови на европско Скопје, Матурска парада и на дочеците на на Нова Година на плоштадот Македонија. А, последиве години се бореше со градската власт за денар повеќе за Скопско лето.
Последниот поздрав за него ќе се одржи денеска во Капела 2 на Градските гробишта Бутел, во периодот од 12:30 до 13:30 часот.
Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство и блиските, додаваат од Дирекцијата .











