Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Портретната виртуозност на Илија Аџиевски на изложба во Даут пашин амам

/

пред 1438 дена

Сподели преку :

Во Даут пашиниот амам, отворена е изложбата „Портретот во фокус“, на најстариот (96 години), жив скулптор од македонската ликовна сцена, Илија Аџиевски.
–  Оваа изложба го потврдува големиот портретен виртуозитет на Аџиевски, неговата маестралност во постигнување на неверојатна експресивност во портретниот жанр, кој се води како еден од најтешките жанрови во ликовната уметност. Неговиот талент и способност да проникне во карактерните „тајни“ на личностите кои ги портретира го прават дефинитивно еден од најзначајните македонски портретисти, место кое за жал досега не му било сосема цврсто загарантирано, но со оваа изложба чиниме дека ги поместивме хоризонтите и ја извлекуваме суштината на виделина, велат од Националната галерија на Македонија.
Големината на Аџиевски лежи и во неговиот непокор, т.е. во барањето засолниште и спас од животните препреки (како еден од преживеаните Голооточани), токму во креативноста на неговите вешти раце, кои ја трансформирале енергијата од бес, немоќ и лутина, во моќ и скулптурална заробена експресија, дополнуваат од НГМ.
Кустос на изложбата  е Ана Франговска.