Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Симон Трпчески за прв пат ќе одржи новогодишен концерт со програма за пошироката публика

/

пред 673 дена

Сподели преку :

Ме мотивира интензитетот на чувствата од музиката, среќната публика и размената на позитивна енергија. Вака нашиот пијанист со светски реноме, маестро Симон Трпчески, го објаснува мотивот во набиената агенда концерти низ регионот и светот, на 20 декември во арената „ Борис Трајковски“ да одржи новогодишен концерт, за прв пат во кариерата. Вели, таков концерт, кој вклучува светски класици и популарни нумери од интернационални ѕвезди и домашни изведувачи, за кои аранжманите ги направи Панде Шахов, му била дамнешна желба.

  • И ми е мило што со овој концепт на поврзување на класиката и на овие поп, полесни класици, варијанти или композиции, да ја доближиме уште повеќе публиката. Но, и она што за сите нас е најважно – децата и иднината на општеството, рече маестро Симон Трпчески, пијанист.

Во првиот дел од концертот ќе биде изведена „Свита“ од балетот „ Оревокршачка“ на Чајковски. Во четирирачната изведба, на Трпчески ќе му се придружи неговиот поранешен студент Шќелзен Бафтиари. Ќе настапат првенците на Македонскиот Балет- Марија Кичевска и Бобан Ковачевски и други балетски уметници од МОБ. А, во вториот дел ќе се чујат дела од Лехар, Штраус, Моцарт и Верди, со учество на музичари од ансамблот „ Македонисимо“.  Ќе бидат изведени во ново руво и нумери од Дин Мартин, Френк Синатра, Неткин Кол, Мараја Кери и Мајкал Бубле. А, ќе настапат сопранот Гонца Богоромова – Краповски и баритонот Иван Наумовски. Па, виртузот на пијано побара од државата поголема поддршка за домашните таленти.

  • Треба да се подобри целосниот државен концепт воопшто, на поддржување на македонските уметници од најразлични правци во уметноста и културата, генерално, рече Трпчески.

Новогодишниот концерт на Симон Трпчески е во организација на „ Прагма продукција“.

  • Концертот, предновогодишен што ќе биде буквално за сите. Значи, нешто што ќе го разберат и тие што ја разбираат класичната музика и тие што не ја разбираат, кажа кристијан Стефановски од „ Прагма продукција“.

И покрај тоа што ќе се одржи во спортска сала, звукот на концертот ќе биде совршен, зашто за него се грижат инженери од компанијата од каде е изнајмена опремата, дополни Стефановски.

Сотир Трајков