Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во четврток во МСУ отворање на изложбата на полската школа на колаж

/

пред 1549 дена

Сподели преку :

Во Музејот на современа уметност , во четврток (14.јули) во 20 и 30 часот, ќе биде отворена изложбата „ Полска школа на колаж“, на уметничкиот тандем од Полска, Артур Жмијевски и Павел Алтхамер. Двајцата уметници изминативе две недели беа ексклузивни гости на МСУ, каде во една од салите на музејот создаваа нови дела.

Куратор на проектот е Владимир Јанчевски.

Делата на Жмијевски и Алтхамер ќе може да се видат веќе вечерва во рамките на организираната ноќна тура низ МСУ, чиј водич на посетителите ќе им биде кустосот Бојана Јанева. Покрај делата на полскиот уметнички тандем, посетителите ќе може да видат и други актуелни поставки во МСУ. Турата започнува во 20 часот.