Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Боро Рудиќ од утре со нова изложба фотографии

/

пред 2146 дена

Сподели преку :

 Најновата изложба на фотографии на Боро Рудиќ, насловена “Треперење“, ќе биде отворена утре го „ Галерија Рудиќ“. На изложбата ќе бидат претставени 22 фотографии во голем формат, создадени во последниве две години. Со оваа изложба авторот се обидува да најде одговор на прашањето, што се случува кога ќе се излезе од комфор зоната на нашата визуелна перцепција.

 Ќе биде презентирано и продажно фотографско портфолио на Боро Рудиќ. Портфолиото е во ограничено изданије од 12 примероци. Секое содржи 16 оригинални фотографии, испечатени на сребро халид хартија, нумерирани и потпишани лично од авторот и со сертификат. Ова е прво портфолио од овој тип направено во Македонија.

Поради ситуацијата со Ковид-19 нема да има класично отворање во еден ден и наместо тоа, изложбата ќе биде отворена од утре до 27. ноември, во периодот од 18 до 21 часот. На овој начин авторот смета дека ќе се испочитуваат  сите безбедносни протоколи, а посетителите ќе се чувствуваат безбедно и удобно.