Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дводневен научен собир од Инстиутот за фолклор Марко Цепенков

/

пред 1861 дена

Сподели преку :

Пет децении трпеливо собирање и забележување на македонскиот фолклор, особено на оној во околината на струмичко, полавековната фолклористичка дејност на струмичкиот собирач на народно творештво, Иван Котев, стана предмет на научен симпозиум. Овој викенд во Струмица се организира дводневен научен собир од Инстиутот за фолклор Марко Цепенков. Котев вели дека почнал првите фолклорни записи да ги запишува уште како дете, но официјалната соработка со институтот почнала во 1970 година.

Поводот за симпоизумот е двоен. Јубилејот на Иван Котев и 70 години постоење на Институтот. Директорот на оваа институција, Ермис Лафазановски, вели дека институтот забележал долгодецениска успешна работа и покрај сите предизвици.

Иван Котев има десетици илјади единици фолклорен материјал кој последниве десетина години интензивно ги објавува во печатена форма. Меѓу нив, особено се истакнуваат огромните дела Мудроста на вековите, книга со над 16 илјади пословици и поговорки од струмичко, и Араптази, книга со приказни со ориггинални мотиви од овој крај.

Сузана Мицева