Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мирча Картареску: Пандемијата е време за истражување на манипулацијата врз луѓето

/

пред 1833 дена

Сподели преку :

Ако некој сака да направи истражување за начинот на кој се манипулираат луѓето, пандемијата е добро време за тоа, вели Мирча Картареску, еден од најпреведуваните  романски писатели и поети кој е годинашен лауреат на наградата „ Прозарт“, што му ја доделија од меѓународниот литературен фестивал „ Про-за Балкан“, за придонес во развојот на балканската литература. Во интервјуто направено по тој повод, Картареску зборува и за искуствата како писател во режимот на Чаушеску, за што го напишал епот „ Левант“.

  1. Г-не Картареску, честитки за наградата „Прозарт“! Вие веќе изјавивте дека оваа награда не само што претставува радост за Вас, туку воедно Ви предизвикува и немир и одговорност. Па што значи тоа?
  • Наградата не е само еден дар што му се дава на писателот, туку тоа е и една одговорност што му се дава на писателот. Кога еден писател ќе добие награда тоа за него претставува одговорност и на некој начин, еден бланко чек , според кој се очекува и понатаму да работи на тоа.
  1. Какви се разликите да се биде писател во периодот на Николае Чаушеску и да се биде писател денес, во Романија?
  • Мојата книжевност е потполно иста, и претходно за време на револуцијата и денес. Разликата е во тоа што во тоа време моите дела многу потешко излегуваа. А, и тоа што излегуваше во тоа време беше цензурирано. Но , што се однесува до естетските вредности на мојата книжевност, јас не правев никакви компромиси.
  1. Вашиот еп „Левант“, е исполнет со различни чувства. Од вистинска среќа до тага поради невозвратената љубов. Има ли нешто автобиографско во ова дело?
  • Тоа е една многу комплексна книга и може да се смета како еден роман напишан во стихови. Затоа што во суштина „ Левант“ е една пародија на сите можни стилови во романската книжевност. Но „ Левант“, за мене има уште една многу важна димензија. Тоа е една политичка книга, тоа е една парабола која е против тогашната диктатура и против водачот на таа диктатура, во тоа време.
  1. Како ја доживувате сегашноста и како гледате на иднината на светот, по пандемијата со Ковид-19?
  • Тоа е една ситуација која што никој не можеше да ја претпостави , но веќе беше очигледно дека наскоро ќе не удри една таква пандемија. И покрај сето тоа, таа дојде сосема неочекувано. Оваа пандемија ни дава можност да размислиме затоа што ни покажува дека луѓето се навистина многу ранливи. Затоа што, како што гледаме , луѓето се подложни да веруваат во најапсурдни ситуации и дека често тие делуваат спротивно на нивниот личен интерес. Значи , ако некој сака да направи некое истражување во врска со начинот на кој се манипулираат луѓето, ова време е навистина добро за такво нешто.

Сотир Трајков