Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одложени повеќе културни и спортски настани поради тридневна жалост

/

пред 1850 дена

Сподели преку :

Одложени или откажани се повеќе културни и спортски настани, откако Владата на денешната седница прогласи тридневна жалост за загинатиот во пожарот во тетовската модуларна болница.
Националната галерија на Македонија го откажа вечерашното свечено отворање на изложбата, во чест на седумдесет годишнината од првата постановка во тогашната Уметничка (Картина) галерија. Според директорката Дита Старова Ќерими, делата се поставени во Даут пашиниот амам и ќе бидат достапни за јавноста до 13 октомври, но свечено отворање вечерва нема да има.
Откажани се фестивалите „ Skopje sounds good “, закажан за денеска и „ Skopje calling“, што требаше да се одржи во петок и сабота. Купените билети ќе може да се рефундираат во текот на следната работна недела.
Одложено за понеделник (13.09) е отворањето на изложбата на уметникот Риџет Ферати во галеријата „ Ко-Ра“, при Домот на културата „ Кочо Рацин“.
Одложени се и сите настани на програмата на Младинскиот културен центар, од денеска до сабота.
А , наместо во сабота, во недела (12.09) ќе се одржат натпреварите од третото коло, во две второлигашки конкуренции, соопшти ФФМ. Истиот ден е закажано и редовното коло во прволигашката конкуренција.