Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пијанистот Арда Мустафаоглу ќе студира на престижниот Универзитет во Хамбург

/

пред 2211 дена

Сподели преку :

Истакнатиот млад пијанист Арда Мустафаоглу e примен на Универзитетот во Хамбург, како прворангиран со максимален број освоени поени. Арда Мустафаоглу е примен на студии на Факултетот за музика и театар, кој е дел од Универзитетот во Хамбург , што важи за еден од педесетте највисоко рангирани светски универзитети од областа на уметностите.
Интензивните подготовки со проф. д-р. Милица Шкариќ, придонесоа Арда да се претстави со извонредна изведба на дела, во двете етапи на приемниот испит пред комисијата составена од врвни светски пијанисти.
Арда Мустафаоглу е единствениот примен студент во прва година, кој ќе студира во класата за пијано, на една од најдобрите концертни пијанисти на денешницата, Ана Виницкаја.