Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина актерот Љубе Терзиев

/

пред 1704 дена

Сподели преку :

На 72 возраст, синоќа ненадејно почина Љубе Терзиев, долгогодишен член на ансамблот на театарот „ Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ , од Велес, соопштија од театарот на нивниот ФБ профил.

Терзиев ја започнал кариерата  во Народниот театар од Штип во 1971 и таму работел до 1975 година. Во Народниот театар од Велес е од 1975, до пензионирањето во 2014 година. Тој реализирал голем број улоги, меѓу кои се издвојуваат:  Џими во „Вејка на ветерот“, Јасон во „Медеја“ , Ампо во „Чорбаџи Теодос“ , Герард во „Младоста пред суд“,Оливер Кромвел во „Кобното тркалце“,Цермонијал Лужин во „Злосторство и казна”, Липовски во „Кукавично јајце“, Чорбаџи Миладин во „Сомнително лице“,Бордир во„Крал Иби“,Жевакин во „Женидба“,Супериус во „Пеш“, Господинот Диманш во „Дон Жуан“, Мисајле во „Хамлет од Долно Дивјаци“, Степан во „Предлог за брак“(„Брачни понуди“), Господ во „Утешение грешним“,Духот на Едип во „Антигона“,Кадмо во „Бакхи“, Василие во „Радован III-ти“,Џон Фримен во „Четвртата сестра“ и други.

Љубе Терзиев ќе биде погребан утре (4 февруари 2022 година), во 12.30 часот на гробиштата во црквата Св. Пантелејмон, во Велес.