Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина Крунослав Кичо Слабинац

/

пред 2150 дена

Сподели преку :

Почина еден од најпознатите пејачи од поранешна Југославија, Крунослав Кичо Слабинац (76), пишува Јутарњи лист.

Пејачот беше опериран неколку пати во изминатите месеци и иако неговите роднини се надеваа дека сè ќе биде подобро, лекарите во неколку наврати ги подготвуваа за најлошото.

Кичо е роден во 1944 година во Осиек, а се прослави низ целиот регион во 1970-тите.

Како пејач, композитор, гитарист и аранжер, тој постигна голем успех низ цела Југославија и е победник на многу настани на Балканот, како што се Белградска пролет, фестивали во Опатија, Сплит и други. Тој е познат како пејач на популарна музика, но и на славонска народна музика.