Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почнува фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“

/

пред 2216 дена

Сподели преку :

Фестивалот на камерен театар Ристо Шишков почнува денеска, но наместо во Центарот за култура, ќе биде на отворено. Дваесет и осмото издание на фестивалот што ја негува и во чиј фокус е актерот и актерската игра годинава е лоциран  во градскиот парк во Струмица.

Во конкуренција се домашни камерни претстави кои ќе оживеат со звуците на природата и ќе се играат пред ограничен број гледачи.

Овде меѓу дрвја и трева, под ѕвездено небо ќе биде сцената за годинешниот театарски фестивал, којшто е основан во чест на бардот на македонското глумиште, Ристо Шишков.

Актерите на фестивалот ќе се надигруваат за единствената награда за високи актеркси  достигнувања којашто го нови името на Шишков, златен медалјон со неговиот лик и парична награда во висина од илјада и петстотини евра.

Сузана Мицева