Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„ Северен пол “ ,ја освои Големата награда на фестивалот во Билбао со што се кандидира за Оскар

/

пред 1775 дена

Сподели преку :

Филмот „Северен пол“, на режисерката Марија Апчевска ја освои Големата награда на 63. Меѓународен фестивал на документарен и краток филм „ Зинеби“, во Билбао- Шпанија.  Со тоа овој краток филм се квалификува за кандидат за престижната награда Оскар. Правило е победниците на овој фестивал од А-категорија, по автоматизам да се квалификуваат во трката за Оскар. Номинациите од американската Академија за филмска уметност и наука ќе бидат објавени на 8 февруари 2022, а доделувањето е на 27 март.

Исто така, фестивалот во Билбао ќе го кандидира  филмот „Северен пол“ и за Европските филмски награди следната година, чие доделување ќе  биде во декември. Наградите ги доделува Европската филмска академија.

„Северен пол” учествуваше на повеќе од дваесет фестивали во светот, а беше и во селекција за наградата Златна палма, на Канскиот фестивал, оваа година.

Филмот е подржан од Агенцијата за филм и од Српскиот филмски центар. Продуцент е Роберт Насков од „Кино око“, а копродуценти се Милош Љубомировиќ од „Сервиа филм“, Миодраг Поповиќ од „Форгрејд“, од Србија и Петер Шекереш од „Тиволи продукција“ од Унгарија.