Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кумановец киднапирал маж кој потоа го тепал, дрогирал и сексуално злоставувал во својот дом

/

пред 127 дена

Сподели преку :

Кумановец киднапирал познаник кој го тепал и дрогирал во својот дом и го принудувал орално да го задоволува.

 

35 годишниот кумановец е уапсен синоќа. Кај него е најдена марихуана, мобилен телефон со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети поврзани со кривичното дело.  Според полицијата тој се сомничи дека во 23:00 часот на 29.05 киднапирал 36 годишен кумановец  и на сила го држел, дрогирал, тепал и сексуално злоставувал се до  07.00 часот вчера изутрина.

 

„На 31.05.2026 во 21:15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.П.(35) од Куманово. Тој се сомничи дека од 23:00 часот на 29.05.2026 до 07:00 часот на 31.05.2026 без негова согласност и со употреба на сила држел негов 36-годишен познаник од Куманово во својот дом. Според пријавеното, во тој период Д.П. повеќе пати физички го напаѓал лицето, го принудувал орално да го задоволува и го принудувал да користи дрога“, соопшти полицијата.

 

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава