Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Kумановец со тупаници и клоци предизвикал фрактури на три ребра на неговата сопруга

/

пред 198 дена

Сподели преку :

Удирајќи ја со тупаници и клоци по целото тело 59-годишен кумановец и предизвикал сериски фрактури на три ребра на неговата сопруга. Тој во нивната семејна куќа физички ја нападнал, откако претходно имале вербална расправија.

„На 20 март во семејната куќа сопружниците имале вербална расправија, а осомничениот физички ја нападнал жената, удирајќи ја со тупаници и клоци по целото тело, при што и предизвикал сериски фрактури на три ребра“, стои во соопштението на обвинителството. 

Тој е осомничен за кривично дело тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката.

Т.Д.