Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Курсот кон Европа не се менува под ниеден услов, тврди „кормиларот“ на Владата, Мицкоски

/

пред 586 дена

Сподели преку :

Европската унија е крајната дестинација и нема отстапки од курсот на надворешната политика. Премиерот Мицкоски одговора – што во случај ако не добиеме гаранции од Европа.

Уставните измени остануваат главен услов, а од Унијата деновиве пристигнаа сигнали дека има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија.

Од Владата порачуваат дека одблокирањето на процесот зависи од Брисел, a премиерот тврди дека никогаш нема да излезе пред граѓаните и да каже дека немаме европска иднина.

„Дали тоа значи дека и во отсуство на гаранции нема да има промена на курсот на надворешната политика на земјава?“, беше запрашан премиерот. 

„Апсолутно! Ние ќе продолжиме да се стремиме кон Европската унија. Тоа е нашата цел и тоа е нашата крајна дестинација. И знам дека тоа е иднината на оваа земја. Нема друга. Дека во овој момент имаме опструкции коишто немаат никаква врска со европските вредности – факт е тоа, сите знаете дека имаме. Дека се бориме да ги надминеме – се бориме. Дека има рок – нема. Сѐ додека немаме јасна европска перспектива ќе преговараме и ќе се трудиме да го одблокираме овој процес“, одговори Христијан Мицкоски, претседател на Владата на РС. Македонија. 

Пораките на ЕУ пред неколку дена ги пренесе евроамбасадорот Рокас. Потврди дека има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија и кажа дека во таа насока лидерите на ЕУ ќе го посетат Скопје во наредните месеци, на што ги базира надежите дека земјава ќе продолжи напред.

А, македонско-бугарското прашање се продлабочи откако министерствата за надворешни работи на двете држави се јавија со реакции во претходните денови.

Македонското МНР порача дека почитувањето и спроведувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права не се билатерелни прашања и дека не може да се прифати негирање или релативизирање на правата на македонското малцинство во Бугарија.

А, бугарското МНР реагираше, пак, за изјавите на премиерот Мицкоски, дека изнесувал манипулативни тези за одлуките на судот во Стразбур.

Петар Догов