Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кузеска: Концесионер на локалитетот Луке е донатор на ВМРО ДПМНЕ

/

пред 168 дена

Сподели преку :

Она што Христијан Мицкоски се обиде да му го продаде на народот како наводен „државен интерес“ и стратешки дијалог со САД, всушност е само уште еден бизнис план, рече денеска портпаролот на СДСМ Богданка Кузеска.

Според Кузеска,  официјалните податоци од Министерството за енергетика откриваат дека моментален концесионер на локалитетот Луке е компанијата „РИ Енергетика Пела ДОО Скопје“, а сопственик на оваа компанија е Ѓорѓе Качурков – донатор на ВМРО-ДПМНЕ. Овие докази, Кузеска вели дека потврдуваат дека  „рудникот со антимон е бизнис дил, класична партиска концесија“.

Како застапник на фирмата, се јавува Николче Јовановски кој го потпишал договорот за концесија за локалитетот Луке и го потпиша договорот во Вашингтон.

„Со ова мрежата е целосно разоткриена, а центарот на контролата е јасен. Значи ВМРО-ОКГ е подготвена да го жртвува здравјето на граѓаните за профитот на своите спонзори“, рече Кузеска и нагласи дека„ овае  уште една причина зошто мора да има референдум во Крива Паланка и да се прашаат граѓаните“.