Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

КЗК казни четири фирми и ССК за забранета ценовна координација

/

пред 315 дена

Сподели преку :

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) изрече вкупно 13,4 милиони денари казни за четири трговски друштва и Сојузот на стопански комори на Македонија, поради учество во забранет договор што ја нарушил пазарната конкуренција.

Секое од трговските друштва е казнето со 3.075.000 денари, додека Сојузот на стопански комори, како координатор, ќе плати 1.143.000 денари. КЗК утврдила дека на состанок од 5 февруари во 2025 година, учесниците постигнале усогласен став да не прифаќаат нови или зголемени ценовници од добавувачите.

Со тоа, наместо независно делување, се воспоставила практична координација, однесување што претставува ограничување на конкуренцијата и строго е забрането според Законот за заштита на конкуренцијата. Глобите се изречени како превентивна мерка со цел да се спречат идентични нарушувања и да се обезбеди фер и слободна пазарна конкуренција.