Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лагард: Каматите и натаму ќе растат, нема јасни сигнали дека инфлацијата го достигна врвот

/

пред 1230 дена

Сподели преку :

Растот на инфлацијата забрза на почетокот на 2022 година, а од месец јули Европската централна банка почна да ги зголемува каматните стапки како еден од механизмите за заустување на инфлацијата.

И по една година нема јасни показатели дека базичната инфлација го достигнала својот врв, а тоа значи дека зголемувањето на каматните стапки ќе продолжи, порача претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард во својот говор на банкарска конференција што се одржува во Хановер.

Според неа инфлацијата се уште е многу висока и така ќе остане уште долго време.

Затоа мораме да продолжиме со циклусот на зголемување на стапката додека не бидеме доволно уверени дека инфлацијата ќе достигне задоволително ниво, порача Лагард.