Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лавров: Примирје во Украина, без безбедносни гаранции за Русија, е пат кој не води никаде

/

пред 663 дена

Сподели преку :

Примирје во Украина без гаранции за безбедноста на Русија и безбедносните интереси на соседните земји е пат кој не води никаде, а за прекин на огнот е потребен обврзувачки договор, порача рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров.

„Не можеме да се задоволиме со празни приказни. Засега се говори само дека е неопходно да се дојде до некакво примирје. Примирје е пат кој не води никаде. Нам ни се потребни конечни правни договори кои ќе ги содржат сите услови за осигурување на безбедноста на Русија и легитимните безбедносни интереси на нашите соседи“, рече Лавров.

Според него, општо е познато дека се инстистира на примирје за да се добие на време за испорака на оружје за Украина. Лавров истакна дека идните договори за решавање на војната во Украина треба да се содржат механизми кои не дозволуваат да се кршат.

Тој додаде дека Русија е отворена за дијалог со претставници на западните земји кои се подготвени рамноправни разговори и воспоставување на рамнотежа.

„Русија не поставува предуслови за преговори со Украина, туку бара да се исполнат постоечките договори“, оцени Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи нагласи оти Украина мора да организира избори, ако сака да има легитимен претседател. Москва ја оспорува законитоста на Володимир Зеленски на функцијата, со оглед дека петгодишниот мандат му заврши во мај оваа година.