Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лавров тврди дека Украина лансирала 91 дрон врз резиденција на Путин – Зеленски одговори дека ова се типични руски лаги

/

пред 287 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ги негираше обвинувањата на официјална Москва дека неговата држава извршила напад со дронови на една од резиденциите на Претседателот Владимир Путин, обвинувајќи ја Москва дека на овој начин се обидува да ги уништи шансите за мир во Украина.

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, тврдеше дека Киев во текот на ноќта извршил напад со 91 дрон  врз официјалната резиденција на Путин во рускиот северозападен регион Новгород.

Лавров додаде дека неговата држава како резултат на овој, како што го нарече „терористички чин“ ќе ја ревидира својата позиција во мировните преговори.

Зеленски ги отфрли обвинувањата како „типични руски лаги“, чија цел е на Кремљ да му дадат изговор да ги продолжи нападите врз Украина.

Претседателот на Украина додаде и дека Русија досега многу пати напаѓала владини објекти во Киев.

Според Лавров, сите 91 дрон кои ги лансирала Украина биле соборени од руските против-воздушни сили.

Лавров соопшти и дека властите во Москва веќе донеле одлука за тајмингот и целите на својот воен одговор на Украинскиот напад, додавајќи дека фактот дека Киев се решил на ваков чекор додека траат преговорите за мир во Украина, ја принудуваат Русија да ја ревидира својата позиција.

„Посочуваме дека овој напад беше извршен во текот на интензивните преговори меѓу Русија и САД за разрешување на конфликтот во Украина. Вакви неодговорни постапки ќе имаат свој одговор. Објектите за одмаздничките напади и тајмингот за нивно извршување од Руските вооружени сили веќе се селектирани. Истовремено, немаме намера да се повлечеме од преговарачкиот процес со Соединетите држави. Но, земајќи ја предвид финалната трансформација на криминалниот режим во Киев, кој спроведува политика на државен тероризам, руската преговарачка позиција ќе биде ревидирана“ – изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Никола Илиевски