Француската десничарска лидерка Марин ле Пен упати остри критики за новиот трговски договор меѓу САД и Европската Унија, нарекувајќи го „политичко, економско и морално фијаско“ за Европа. Во објава на платформата Икс, таа напиша дека Брисел се согласил на нееднакви услови, попуштајќи пред американскиот притисок.
„Трговскиот договор што Урсула фон дер Лајен го потпиша во Доналд Трамп е политичко, економско и морално фијаско“, напиша Ле Пен.
Договорот што беше потпиша во неделата (27 јули) вклучува царини од 15 отсто на, речиси, сиот европски увоз во САД. Европската Унија, исто така, се обврза да купува американски течен гас, нуклеарно гориво и оружје од САД.
Според Ле Пен, договорот на ЕУ е помалку поволен од условите што го има Велика Британија, со што, како што додаде, изгледа како капитулација за француската индустрија и секторите енергија и одбрана.
Трамп најпрво се закани со царини од 30 отсто за увоз од Европската Унија од 1 август доколку пропаднат преговорите. Фон дер Лајен, пак, предупреди на подготвеност на ЕУ за контрамерки, но двете страни најдоа компромис, што предизвика остри критики во Европа.











