Пратеникот Битиќи призна дека СДСM нема да бидат конкурентни на следните избори, рече на денешната прес – конференција пратеникот Лефков од ВМРО – ДПМНЕ.
Според него додека од една страна, Филипче бара предвремени избори, Битиќи и останатите видни членови на СДСМ се против одржување на истите. Наместо реформи и кадровски промени во СДСМ, Филипче оди против сите и ја придвижува партијата кон исчезнување, вели Лефков.











