Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лекарите реагираат: Ајде и нашите плати да бидат како функционерските

/

пред 1292 дена

Сподели преку :

„Ајде и нашите плати да ги направиме како функционерските“, со фејсбук статус д-р Нико Беќаровски им предлага на надлежните да го земат американскиот модел за исплата и во македонското здравство.

Според овој модел, објаснува Беќаровски, бруто платите на американските конгресмени и сенатори се 174.000 долари годишно. Просечната бруто плата исплатена на докторите специјалисти во САД е 234.000 долари годишно за специјалистите по јавно здравје, до 554.000 долари за пластичните хирурзи.

Ваквата негова реакција доаѓа токму на одбележувањето на Светскиот ден на здравјето во момент кога и Светската здравствена организација предупреди на растечкиот јаз во персоналот во глобалниот здравствен систем. Од таму пресметале дека до 2030 година ќе има недостиг од околу 10 милиони професионалци ширум светот.