Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ленин Јовановски со најава: Утре од 6 часот блокада на „Илинденска“ од Влада до МИ-ДА, 200 автобуси пред Град Скопје

/

пред 1420 дена

Сподели преку :

Приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утре од 6 часот ќе го блокираат сообраќајот во Скопје на десната лента на булеварот „Илинденска“, на потегот од Владата до МИ-ДА, а околу 200 автобуси ќе бидат паркирани пред Градското Собрание, најави директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.

Тој на денешната прес-конференција рече дека не е постигнат договор со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈСП, Александар Стојковски за исплата на долгот што го побаруваат превозниците.

„Утрешниот ден ќе покаже дали ќе има некаков исод или блокадата ќе продолжи и во текот на викендот и почетокот на следната недела“, рече Јовановски.

Доколку и во меѓувреме нема резултати ќе бидат блокирани крстосниците кај ТЦ „Мавровка“, Црвен Крст и булеварот „Илинденска“.