Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Летечкиот Дедо Мраз гo осветли Божиќниот пазар на Женевското Езеро

/

пред 304 дена

Сподели преку :

Дедо Мраз го тестираше својот лет со санка над Божиќниот пазар во Монтре, Швајцарија. Со својата санка прелета на над 160 штандови со традиционални зимски производи, додека посетителите уживаа во топли пијалаци, вклучувајќи локално греано вино од кантонот Во.

Божиќниот пазар во Монтре, основан во 1994 година, се протега на 1.500 метри долж езерото и е една од најпопуларните дестинации во Швајцарија. Главната атракција е летечкиот Дедо Мраз, кој се движи по 380-метарска жичара со помош на специјален тим.

Пазарот привлекува околу 500.000 до 600.000 посетители годишно, од кои половина се швајцарски, а останатите од Европа, Азија и Америка. Покрај традиционалните божиќни украси и чоколадо, посетителите можат да уживаат во швајцарски специјалитети како фонду од сирење, а на јужниот брег на езерото се нудат уникатна празнична атмосфера со прекрасен поглед и знаменитости.