Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Левица: Дали со булдожер на „Национални шуми“ е пробиван пат до приватно ловиште и оштетен археолошки локалитет кај Демир Хисар?

/

пред 94 дена

Сподели преку :

До Левица пристигнаа сериозни информации и наводи за можно незаконско користење на државна механизација, уништување на шумски фонд и оштетување на културно наследство на подрачјето на Општина Демир Хисар. Според информациите доставени до Левица, во периодот од 27 до 29 јуни 2026 година, на локалитетот „Бели Камен“, во атарот на селото Церово, со употреба на булдожер во сопственост на ЈП „Национални шуми“, Подружница ПШС „Бигла“ Демир Хисар, бил пробиван шумски пат без соодветна дозвола од надлежните служби.

Во информациите што пристигнаа до Левица се наведува дека во овие активности биле инволвирани концесионерот Пеце Тодоровски, како и директорот на Подружницата ПШС „Бигла“, Гоце Цветановски, при што постојат сомневања дека државната механизација била ставена во функција на приватен интерес, односно за пробивање пристапен пат до приватна парцела на која се гради ловен објект.

Понатаму, во информацијата се вели дека при изведување на работите бил оштетен локалитет со остатоци од средновековна црква. На локалитетот „Бели Камен“, кај селото Церово, се евидентирани археолошки остатоци од средновековна црква и некропола, кои претставуваат значајно сведоштво за историското и духовното наследство на овој крај. Доколку се потврди дека со тешка механизација е интервенирано врз ваков локалитет, тоа би претставувало сериозно загрозување на културното наследство и непроценлива штета што не може да се надомести.

Доколку надлежните институции не постапат по овие сериозни наводи, Левица ќе ги искористи сите законски и институционални механизми за утврдување на одговорноста и заштита на јавниот интерес, велат од партијата.