Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лиценците за „Пулс“ биле со комплетна документација, тврди адвокатот Миланов, кој ги брани екс министрите Бектеши и Незири

/

пред 545 дена

Сподели преку :

Увидот во кабарето „Пулс“ е завршен, но продолжуваат вештачењата, аналзите и проверките на  терен, информираат од обвинителството.

До овој момент се издадени наредби, но за анализа на податоци од преку 70 мобилни телефони и 30-тина компјутери.

На еден од четворицата осомничени од прошиената истрага за трагедијата во „Пулс“ кои викендот добија притвор, мерката му е сменета со куќен притвор.

Од кочанскиот суд потврдија дека за останатие пет жалби одлуката е потврдена.

Телма дознава дека замена на мерката притвор со куќен добила пазарната инспекторка.

Адвокатот на екс министрите за економија Бектеши и Незири, Еленко Миланов тврди дека лиценците за „Пулс“ кои биле одобрени во мандатот на неговите клиенти биле со комплетна документација. Бектеши е во притвор од почетокот на истрагата и сега обвинителството бара продолжување на мерката, а Незири е во куќен притвор од викендот.