Лидерите на Европската унија Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта му рекоа на Зеленски дека тој „никогаш не бил сам“ и му испратија силна поддршка по средбата и жестоката расправија со претседателот на САД.
„Бидете силни, бидете храбри, бидете бестрашни“, напишаа претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет во заедничката изјава на социјалните мрежи, додавајќи: „Ќе продолжиме да работиме со вас за праведен и траен мир“.
Зеленски ја напушти Белата куќа – Трамп му порача да се врати кога ќе биде подгoтовен за мир











