Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лидерот на Хезболах тврди дека Израел го крши договорот за прекин на огнот

/

пред 510 дена

Сподели преку :

Лидерот на Хезболах, Наим Касем, го повтори ставот на либанската милитантна група дека нема да разговара за откажување од преостанатото оружје сè додека Израел не се повлече од точките што ги окупира во јужен Либан и не престане да спроведува воздушни напади. Израел го крши договорот за прекин на огнот, смета првиот човек на Хезболах.

„Сè уште сме под израелска агресија. Целосно се обврзавме, нека им биде јасно на сите: повеќе не барајте ништо од нас. Нека Израел се повлече, нека ја запре својата агресија, нека ги ослободи затворениците и нека ги исполни сите обврски од договорот. После тоа, можеме да разговараме за сè друго. Секако, овде сакам да нагласам дека реконструкцијата е примарен столб на стабилноста и безбедноста на граѓаните низ целата татковина. Со оваа реконструкција и оваа стабилност, владата мора да дејствува поефикасно“ вели Наим Касем, генерален секретар на Хезболах.