Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лихвари зеле 700 илјади денари камата за долг од 80 илјади

/

пред 344 дена

Сподели преку :

Полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода две лица, татко и син, поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.

Според пријавата, тие во јуни 2023 година му позајмиле 80.000 денари на 71-годишен маж од Неготино, а потоа му наплатувале прекумерни камати.

Оштетениот, кој неделно требало да враќа по 20.000 денари, на крај исплатил повеќе од 700.000 за истиот долг. Полицијата по судска наредба извршила претрес во домот на осомничените и пронашла предмети поврзани со делото.

Известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против таткото и синот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Т.Д.