Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Литургии во православните храмови – Денот кога Исус Христос воскреснал од мртвите

/

пред 1283 дена

Сподели преку :

Со овој поздрав православните верници го празнуваат Христовото Воскресение- Велигден, најважниот верски прaзник во христијанскиот календар.

Утрово, на првиот ден Велигден, во сите православни храмови се одржуваат воскресенски литургии. Денот кога се верува дека Исус Христос воскреснал од мртвите.

Православните христијани се подготвуваат за прославување на најрадосниот христијански празник. Ги посетуваат храмовите да запалат свеќи и да се помолат за добро здравје, мир и благосостојба.

Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква. Опход околу соборниот храм „ Свети Климент Охридски“, придружуван од радосните црковни ѕвона и читање на евангелието, според Марко, од архиепископот Охридски и Македонски господин господин Стефан.

Ваква беше атмосферата на полноќ пред соборниот храм, во очи на соопштувањето на радосната вест.

Јајцето е најпопуларниот симбол на најсветлиот христијански празник. Традиционално пред Велигден во секој дом се вапсуваат јајца кои го симболизираат воскреснувањето и почетокот на нов живот.

Велигден се празнува три дена.Верниците се поздравуваат со Христос Воскресе-Навистина воскресе се до Спасовден кој паѓа на 40-тиот ден по Велигден.

Симона Петровска