Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лоциран танкер со нафта запленет од Иран

/

пред 1016 дена

Сподели преку :

Танкер под знамето на Маршалските Острови, запленет од Иран во Оманскиот залив на почетокот од оваа недела, е лоциран источно од иранскиот остров Кешм, соопшти службата за следење пловидба на танкери TankerTrackers.com на својот налог на мрежата „Икс“.

„Танкерот Сент Николас во грчка сопственост, осигурен во Велика Британија и со знаме на Маршалските Острови, натоварен со еден милион барели ирачка сурова нафта, лоциран е денеска источно од островот Кешм во Иран“, се вели во соопштението.

Запленувањето на танкерот се случи за време на неколкунеделните напади на јеменските милитанти Хути врз бродови кои пловеа во Црвеното Море.