Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Локализиран пожарот меѓу беровските села Будинарци и Митрашинци

/

пред 1551 дена

Сподели преку :

Пожарот во планските ридови помеѓу беровските села Будинарци и Митрашинци е локализиран попладнево во 17 часот, информира вечерва Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Тимовите и сите други учесници се вратени во базите, а остануваат дежурни екипи од Шумското стопанство „Малешево“ – Берово. Во текот на утрешниот ден ќе се направи контрола на теренот, објави ДЗС на својот профил на Фејсбук.

Во објавата се посочува дека во текот на денешниот ден пожарите ги гасеа тимови од ПОЗС Берово, Валандово и Куманово.

Тимот од Свети Николе со пумпи беа ангажирани за полнење со вода базенот за полицискиот хеликоптер. Ер Тракторот денеска дејствуваше на неколку наврати до целосно локализирање на пожарот, наведуваа од ДЗС.