Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Орце Ѓорѓиевски е нов градоначалник на Скопје-гласаа само 35,2% од избирачите во главниот град

/

пред 335 дена

Сподели преку :

Кандидатот на владеачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски е нов градоначалник на Скопје.

Во вториот круг од локалните избори 2025-та, Ѓорѓиевски го победи Амар Мециновиќ од Левица. Ѓорѓиевски по преброени 99,12% од гласовите има 94.622 (57,19%). Мециновиќ освои 60.528 гласови односно 36,58%.

Излезноста во главниот град беше ниска и изнесува 35,24% од запишаните односно една третина од вкупното избирачко тело. Дополнително има 10.315 неважечки ливчиња што е над 6,23% од оние што излегле да гласаат односно 2,2% од вкупниот број на запишани избирачи во Скопје.