Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Локомотивите на „Србија Карго“ почнаа да влечат возови по Коридор 10 за македонските железници 

/

пред 764 дена

Сподели преку :

„Србија карго“ денес ги испорача локомотивите на државните македонски железници транспорт и со нив ќе треба да се деблокира застојот во транспортот на стока и материјали преку Коридорот 10 и да се намали бројот на возови кои чекаат на Табановце и во Гевгелија.

Три од четирите локомотиви од серијата 461 кои се преземени под закуп веќе се вклучени во транспортниот сообраќај а четвртата ќе пристигне на северната граница во текот на денот и веднаш ќе биде распоредена за влеча на возови. Во моментов државната железници транспорт располага само со четири  функционални локомотиви кои се далеку од доволни за да може товарните возови непречено да транзитираат по Коридорот.

Во хангарите на железници пак вработените се обидуваат да ги оспособат т.н. кинески локомотиви кои со месеци седеа во место бидејќи треба да им се заменат тркалата.

Транзитот на стока преку Коридорот 10 е клучен за финансиската стабилност на железници транспорт и генерира профит и тоа ќе биде фокусот на новото раководство.

Со планот за раст Владата се обврзува дека до крајот на јануари 2025 година треба да донесе и да имплементира план за преструктуирање на државните железници во пакет до декември 2027 година.

Една од суштинските обврски е како за железници така и за државната пошта е да се подготви план за анулирање на долговите, и да нема акумулација на нови долгови, односно формирање на нови компании кои ќе почнат, финансиски гледано од нула со обврска за зголемување на број на патници и тонажа на превезени материјали.

Со планот за раст се обезбедени средства за реконструкција на пругата Kоридор 10.

Огнен Чаначаревиќ