Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЛШ: Барселона победнички на „Паркот на Принцовите“, Атлетико подобар од Борусија Дортмунд

/

пред 907 дена

Сподели преку :

Барселона забележа вредна победа од 3:2 над Пари Сен Жермен во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите на стадионот „Паркот на принцовите“.

Двата тима приредија вистински спектакл, одбележан со два пресврти. Најпрво Каталонците поведоа во 36. минута преку Бразилецот Рафиња. Сепак, во 50. минута поранешниот играч на Барселона  Усман Дембеле го израмни резултатот на 1:1. По 120 секунди парижаните го свртеа натпреварот во своја полза благодарение на Витиња, кој го запиша своето име меѓу стрелците.

Тоа не се покажа доволно за победа бидејќи Рафиња и Андреас Кристенсен станаа херои за Барселона во 62. и 77. минута и донесоа голема победа среде Париз.

Атлетико Мадрид пак ја победи Борусија Дортмунд со 2:1 во првиот натпревар меѓу двата тима во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Атлетико Мадрид постигнаа ран погодок уште во 5 минута преку Родриго де Пол   а во 32. минута Самуел Лино зголеми на 2:0.

На 2:1 намали Себастиен Алер ​​во 81 минута  со што го постави конечниот резултат на натпреварот.