Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Луѓе без струја, свлечишта, евакуирани села – Словенија ги сумира катастрофалните последици од невремето

/

пред 1170 дена

Сподели преку :

Словенија трпи катастрофални последици од невремето и големите поплави што ја зафатија земјата минатата недела. Додека се очекува комплетно смирување на хидролошките прилики, на многу места во моментот се активни свлечишта, пренесува Н1 Љубљана.

Ситуацијата вчера беше особено сериозна долж реката Мура која откина повеќе од 10 метри насип кај селото Долња Бистрица во Општина Чреншовци.

Словенечките власти наредија евакуација на неколку села. Без струја останаа нешот помалку од 3.000 луѓе.

Неколку свлечишта се активни во Велење.

Европскиот комесар за урпавување со кризи, Јанез Ленарчич соопшти дека Европската Унија, на барање на Словенија, го отвори Механизмот за цивилна заштита по поплавите што ја погодија земјата.

Ленарчич твитна дека Словенија има потреба од механизација со оператери и привремени монтажни мостови.

Полски и унгарски камиони со храна и друг вид на хуманитарна помош се на пат кон Словенија, пренесе словенечката агенцијата СТА.