Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МААЕ бара Русија да ја напушти нуклеарната централа Запорожје

/

пред 960 дена

Сподели преку :

Управниот одбор на Меѓународната агенција за атомска енергија изгласа резолуција со која се бара Русија да се повлече од украинската нуклеарна централа Запорожје. Ова е четврта резолуција на Комитетот со која се осудуваат руските дејствија во нуклеарните постројки на Украина.

„Резолуцијата беше усвоена со мнозинство гласови“, објави мисијата на Украина во Меѓународната агенција за атомска енергија на платформата Икс. Во текстот се наведува дека одборот бара „итно повлекување на сиот воен и друг неовластен персонал од украинската нуклеарка и објектот веднаш да биде вратен под целосна контрола на релевантните украински власти“.

Во моментов сите шест реактори се исклучени, но сè уште ѝ треба постојано напојување за да го одржува ладно горивото во тие реактори и да спречи потенцијално катастрофално топење. Агенцијата која има мал број свои вработени во Запорожје, вели дека безбедноста таму останува несигурна. Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за гранатирање во близина на нуклеарната централа.