Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мадуро: Заговорите на ЦИА против мене се базираат на холивудски приказни и ние секогаш сме лошите момци во нив

/

пред 348 дена

Сподели преку :

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро ги обвини САД за создавање на лажен наратив за да се оправда напад врз Венецуела, да се наметне промена на власта во земјата и да се украдат нејзините ресурси на нафта и гас. Тој апелира за крај на сите воени закани по мирот во Латинска Америка. Коментарите на Мадуро доаѓаат во време на тензии меѓу Каракас и Вашингтон околу распоредувањето на американски воени бродови во водите крај Венецуела.

„Вистината е дека Венецуела е невина. Сè што се прави против Венецуела е за да се оправда војна, промена на власта и да се украде нашето огромно нафтено богатство, кое е најголемата резерва на нафта и четвртата најголема резерва на гас во светот. Се создаваат басни и приказни, а сите кампањи што се водеа против командантот Чавез и сите заговори на ЦИА против мене и нашата земја веќе 26 години се базираат на холивудски приказни и басни каде што ние секогаш сме лошите момци“, изјави Николас Мадуро, претседател на Венецуела.

Се огласи и министерот за одбрана на Венецуела кој порача дека народот во земјата не заслужува да биде под закана и, како што рече, „криминална опсада на американскиот империјализам“. За него, нападите на САД врз бродови кои наводно пренесуваат дрога крај брегот на Венецуела не се случајни и ги опиша како голем момент за каузата.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп вели дека распоредувањето на воени сили крај брегот на Венецуела е во насока на борба против заканите од латиноамериканските наркокартели. Американските воени сили во последните два месеца извршија серија напади врз бродови кои беа осомничени за шверц на дрога во Карипското Море, вклучувајќи најмалку четири брода за кои тврдат дека отпловиле од Венецуела. Ниту еден од тие напади не се случи во територијалните води на Венецуела.

Сашко Димовски