Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

83-годишната Лидија “изгреба” автомобил на лотарија

/

пред 537 дена

Сподели преку :

Лидија Перовиќ (83) од Скопје, е среќната добитничка на автомобил ford focus од првата серија на инстант лозот „Титаниум“.

Лотарија ѝ приреди незаборавно роденденско изненадување, со доделување на автомобилот токму на нејзинот 83-ти роденден.

За Лидија оваа добивка е сосема неочекувана. Иако досега добивала само помали парични износи, сепак, никогаш не се откажала од потрагата по среќните добивки и забавата што инстант лозовите ја нудат.

Овојпат „титаниумската“ среќа ја пронајде Лидија, носејќи ѝ ја најубавата роденденска честитка. Таа соопшти дека добивката со радост ќе му ја отстапи на својот внук.

Добитниот инстант лоз го купила од продажното место на Државна лотарија во Skopje City Mall, каде што често уплаќа и Лото 7 при дневните прошетки.

Инстант лотаријата на Државна лотарија досега, ширум Македонија, подели над 200 автомобили од различни инстант лозови. Добивката на Лидија Перовиќ е втора од инстант лозот „Титаниум“, по првата доделена во Штип на Радица Станкова.